Фотографија на денот: Величенствено славје на Шанзелизе | Панорама | DW | 16.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Величенствено славје на Шанзелизе

Десетици илјади Французи на легендарната улица Шанзелизе во центарот на Париз ја прославија шампионската титула на своите фудбалски миленици на Мундијалот во Русија.

Oваа #ФотографијаНаДенот доловува дел од величенствената прослава во главниот град на Франција , додека на Триумфалната капија во Париз се проектира ликот на еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата, Антоан Гризман. Франција во финалето на СП во Русија со 4:2 ја победи храбрата Хрватска и по вторпат во својата историја ја освои титулата светски шампион во фудбал. Темна дамка на славјето во Париз на кое учествуваа десетици илјади луѓе, меѓутоа, фрлија судирите меѓу полицијата и групи хулигани, кои се однесуваа агресивно и кршеа излози на продавниците на Шанзелизе.

 

Реклама