Фотографија на денот: Вардар, пехар, солзи... | Панорама | DW | 03.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Вардар, пехар, солзи...

Има ли поубава #ФотографијаНаДенот со која можеме да ви посакаме убав почеток на денот?

Ракометарите на Вардар денеска се враќаат во Скопје со шампионскиот пехар в раце по финалето кое ги искачи на европскиот пиедестал, а на навивачите им донесе огромна радост и гордост. „Ланксес Арена“ во Келн, каде се играше натпреварот против Веспрем беше толку полна со емоции, со радост и солзи, вресоци и неверување, што и градоначалничката на Келн, Хенриете Рикер на Твитер напиша: „Ваква атмосфера има само во меката на ракометот Келн! Му честитам на Вардар на победата во ЕХФ Лигата на шампиони!“

Реклама