Вакцинацијата за некои е свечен чин: овој Индонезиец се вакцинира облечен во традиционалната народна носија наречена „вајанг“, во болница во Соло, централната провинција Јава.
Индонезија, најголемата островска држава во светот, вчера ја надмина границата од еден милион инфицирани со коронавирус. 270-милионската земја досега има регистрирано 28.000 смртни случаи од или поврзани со Ковид-19. Од средината на јануари започна масовна вакцинација на населението со кинеската вакцина Синовак. За разлика од другите земји, по вработените во здравството и во јавните служби, прво ќе се вакцинираат помладите луѓе меѓу 18 и 59 години. Целта е стекнување општ, т.н. имунитет на стадо.