Фотографија на денот: Борба со домати | Панорама | DW | 31.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Борба со домати

Кога црвенилото ќе ги покрие улиците, можете само да се приклучите! Буњол во Валенсија, Шпанија, секоја година е поприште на борба со домати.

На „Ла Томатина“ годинава учествуваа повеќе од 20.000 луѓе. Притоа потрошија над 145 тони домати. Шпанците и посетителите на Буњол на крајот на август еден час се гаѓаат со презреани домати. Според Гинисовата книга на рекорди, тоа е најголемата борба со прехранбени намирници во светот.

„Ла Томатина“ првпат почна да се одржува во 1940-те. Во последните 15 години фестивалот станува сѐ поатрактивен за странците. Од 2013 година, секој што не е жител на Буњол, мора да плати влез 10 евра.

Реклама