Фотографија на денот: Боите на слободата | Информации и анализи за Германија | DW | 18.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Боите на слободата

На денешен ден пред точно сто години црната, црвената и златната официјално станаа германски национални бои. Сепак, ваквата комбинација од бои има многу подлабоки корени во германската историја.

Црната, црвената и златната се националните бои на Германија. Така стои во Уставот на Сојузна Република Германија. Тие беа утврдени уште за време на штотуку формираната Вајмарската Република,  на 18 февруари 1919 година непосредно по Првата Светска Војна.

Националните бои на знамето на земјата се симбол за единство, слобода и демократија и влечат корени уште од раниот 15 век и германската селанска војна. Црната, црвената и златната биле боите на отпорот на побунетите селани, подоцна на униформите на германските востаници против француската окупација под водство на Наполеон и конечно на граѓанската револуција во Германија во 1848 година.

DW.COM

Реклама