Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Ново дело на мистериозниот уличен уметник Бенкси осамна на ѕид во британскиот град Нотингем, додека градот се соочува со драматичен раст на случаи на Ковид-19.
На новиот мурал на прочуениот Бенкси во Нотингем е прикажано девојче кое си игра со гума за велосипед како со хулахоп. Пред ѕидната слика пак заврзан за столб стои демолиран велосипед со само една гума. Жителите на градот го толкуваат ова како охрабрување во време на криза. Нотингем имено бележи највисоки стапки на нови инфекции од коронавирусот во цела Англија.
© 2022 Deutsche Welle | Заштита на податоци | Изјава за пристапност | Импресум | Контакт | Мобилна верзија