Фотографија на денот: Безграничната радост на Лука Модриќ | Панорама | DW | 02.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Безграничната радост на Лука Модриќ

Лука Модриќ, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, беше пресреќен по победата над Данска и пласманот во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство.

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација за малку можеше да биде трагична фигура на осминафиналниот меч со Данска. Данскиот голман Каспер Шмајхел успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Лука Модриќ во второто продолжение. Модриќ имаше храброст вторпат да се соочи со Шпајхел во пенал серијата и да постигне гол. Хрватска по победата преку пенал-рулетот од 3:2 се пласира меѓу најдобрите осум екипи на Светското првенство во Русија. Следен противник на „коцкестите“ ќе биде домаќинот Русија. #ФотографијаНаДенот: Лука Модриќ ја слави победата во Нижни Новгород во прегратка со Дејан Ловрен.

 

Реклама