Фотографија на денот: Бајерн ја „прегази“ Барселона со 8:2 | Панорама | DW | 15.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Бајерн ја „прегази“ Барселона со 8:2

Фудбалскиот клуб Бајерн Минхен ѝ нанесе историски пораз на Барселона во четвртфиналниот двобој на Лига на шампиони

Баварците до врв ја наполнија мрежата на Барселона, тим кој цела сезона немаше пораз во Лигата на шампиони, тренерот Кике Сетиен немо седеше на клупата гледајќи го срамното издание на својата екипа. Меси, Суарез и останатите фудбалери на Барселона со наведнати глави го напуштија тревникот на стадионот во Лисабон. Бајерн поведе уште во 4. минута со голот на Томас Милер, на нашата #ФотографијаНаДенот со победнички крената рака. Бајерн со оваа победа се пласира во полуфиналето на Лига на шампиони.

Гледај видео 01:38

Бајерн Минхен ја слави титулата: Како беше лани, а како е сега?