Фотографија на денот: Балет на улица | Панорама | DW | 15.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Балет на улица

Балетската група „Ардентиа“ настапува на раскрсниците на улиците на Мексико Сити во обид да ја промовира уметноста и да пробуди интерес кај луѓето.

Дел од настапите траеја само по неколку секунди, но доволно за да им „отворат апетит“ на минувачите. На некои места во градот каде што настапуваа танчерите се создаваа големи групи гледачи. „Не мислевме дека ова ќе има ваков одзив. Не само што луѓето го прифаќаат, туку тоа им е неопходно“, вели танчерката Маниела Оспина Кастро. Настапите на балетската група „Ардентиа“ на отворено беа завршница на културната програма „Театар на јавен простор, театар во вашето соседство“.