1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилностГлобално

Баварски бранови

13 јули 2020

Велосипедската патека во селцето Кирхдорф, недалеку од Минхен, е долга два километри и чинела дури 3,3 милиони евра. Како што се гледа на фотографијата, испаднала брановита, со пет вештачки „ритчиња“ на 500 метри.

https://p.dw.com/p/3fDP5
BdT Kirchdorf an der Amper Radweg mit Buckelpiste
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Надлежните тврдат дека не е грешка – патеката е изградена пониско од патот за да се заштеди, а височините се наопходни за тракторите да можат преу патеката да стигнат до нивите. Изгледа малку необично, но може да стане атракција за велосипедистите.