Фотографија на денот: Авионска несреќа во Техеран | Свет | DW | 08.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Авионска несреќа во Техеран

#ФотографијаНаДенот која сведочи за една голема трагедија - во близина на аеродромот во Техеран се урна украински авион и притоа загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Боингот 737 на авиокомпанијата Украина Интернационал, според изјава на шефот на иранските спасувачки сили, се запалил непосредно по полетувањето од Техеран. До пад на авионот, според актуелните претпоставки на надлежните на меѓународниот аеродром во Техеран, довеле „технички проблеми“. Производителот на авионот Боинг на Твитер соопшти дека се собираат информации за несреќата.