Фон дер Лајен сака да го „врзе“ Западниот Балкан за ЕУ | Северна Македонија | DW | 17.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фон дер Лајен сака да го „врзе“ Западниот Балкан за ЕУ

Европската комисија сака да ги почне преговорите со Северна Македонија и Албанија пред самитот ЕУ- Западен Балкан во мај годинава. Наш интерес е да бидеме што потесно поврзани, вели Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија сака да ги поврзе земјите од Западниот Балкан колку е можно поблиску до ЕУ за да се надминат фрустрациите од блокадата на проширувањето од страна на Франција.
„Сметам дека е во наш заеднички геостратешки интерес Западниот Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ“, изјави Фон дер Лајен во Брисел на неформалниот состанок со лидерите од земјите на Западниот Балкан.

Европската комисија веќе ја промени методологијата за пристапните преговори со цел да ја подигне меѓусебната доверба, вели Фон дер Лајен, оценувајќи дека новиот пристап ги забрзува структурните реформи и создава веродостојна шанса за земјите од Балканот да и се приклучат на ЕУ.

Фон дер Лајен вели дека Комисија сака да го отвори патот за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија- доколку е можно уште пред самитот ЕУ-Западен Балкан закажан за мај годинава во Загреб.

Последните сигнали од Париз во таа насока се исто така позитивни. На безбедносната конференција во Минхен минатата недела, францускиот претседател Емануел Макрон порача дека е задоволен од новата методологија и дека е расположен да дозволи отворање преговори со двете балкански држави, доколку Скопје и Тирана добијат позитивен извештај од Европската комисија на почетокот на следниот месец.

 

DW.COM

Реклама