Фон дер Лајен и Меркел: Да се надмине блокадата на Франција во ЕУ | Северна Македонија | DW | 08.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фон дер Лајен и Меркел: Да се надмине блокадата на Франција во ЕУ

Идната претседателка на Европската комисија Фон дер Лајен и германската канцеларка Меркел вечерва од Берлин порачаа дека на земјите од Западниот Балкан мора да им се обезбеди перспектива во ЕУ.

Избраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави нови специјални проекти за соработка и помош со Северна Македонија и Албанија за да се намали разочарувањето од неуспехот да се добие почеток на преговори со ЕУ. Фон дер Лајен вечерва во Берлин одржа заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел на која и двете политичарки уште еднаш го потенцираа значењето на европската перспектива за земјите од Западниот Балкан.

„Цврсто сум убедена дека за нас е од големо стратегиско значење да го приближиме Западниот Балкан што поблиску до ЕУ. Се додека не можат да се отворат пристапните преговори со сите сили ќе се обидувам да развивам заеднички проекти кои по патот на потесната соработка ќе ги приврзат земјите од Западниот Балкан поблиску до нас; затоа што ако ние не го сториме тоа, некои други ќе го искористат вакумот, а тоа не го сакаме. Албанија и Северна Македонија презедоа неверојатни напори за да ги исполнат критериуми кои ние од нив ги баравме“, рече Фон дер Лајен.

И канцеларката Меркел одново ја критикуваше блокадата на Франција како грешка.
„Уште еднаш кажав дека од стратегиски европски интереси, сметам дека е од екстремна важност овие земји да не ја загубат надежта за членство во ЕУ“, рече Меркел. Изминатава недела и претседателот на германскиот парламент, Бундестагот, Волфганг Шојбле како и шефот на дипломатијата Хајко Мас остро ја критикуваа блокадата на Северна Македонија и Албанија. Мас зборуваше за „најголемата грешка која ЕУ ја направила во последно време“.

 

DW.COM

Реклама