Фолксваген затвора 30.000 работни места | Економија | DW | 18.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фолксваген затвора 30.000 работни места

Фолксваген е соочен со бројни проблеми - заработувачката е сѐ помала, концернот доцни во приклучокот кон трендовите на иднината, а скандалот со манипулираниот софтвер за издувни гасови ја влоши состојбата.

Раководството на германскиот автомобилски производител Фолксваген со Работничкиот совет веќе го договорило затворањето на околу 30.000 работни места во идните години во фабриките низ светот. Најголем дел од работните места ќе отпаднат во Германија, до 23.000, но ќе бидат задржани сите производни погони. Од фирмата велат дека нема да има отпуштања на работници, редукцијата на работните места ќе се одвива преку различни модели, меѓу друготo и скратено работно време за постарите работници. 

Фолксваген во своите фабрики ширум светот вработува преку 624.000 луѓе, од кои 282.000 во Германија.

Многу „градилишта“ во концернот

Фолксваген треба да води битки на повеќе фронтови. Скандалот со издувни гасови го принуди концернот на штедење, а истовремено  мора да врши големи инвестиции во новите трендови во браншата: дигитализација и поврзување, како и алтернативни погони. Веќе подолго време Фолксваген има и премала заработувачка од производството на автомобилите, на пример од продаден автомобил од марките Голф и Пасат останува добивка од 1,6 евра на вложени 100 евра, без одбивањата за камати и данок. Иако продава најмногу возила во светот, Фолксваген сепак мора да се задоволи со мизерна добивка од само 4,5 проценти по возило.

Фолксваген планира до 2020 година да ги редуцира трошоците за 3,7 милијарди евра годишно.

 

DW.COM

Реклама