Адвентски венец кој се состои од 24 шишиња на пиво од марката „Корона екстра“: и во пандемија не треба да се откажеме од хумор.
Божиќниот адвентски аранжман е поставен пред цвеќарата „Цвет“ во Хановер, а креацијата на флористот Тобијас Брининг наиде на бројни позитивни реакции на неговите муштерии. Корона инаку значи круна или венец,тоа име го носат и бројни производи на различни производители: цигари, машини за пишување, автомобили. Но, некои во време на пандемијата не се особено популарни токму поради својот „имењак“- вирусот...