Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ го помина Рубикон, помина времето за разговори | Северна Македонија | DW | 27.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ го помина Рубикон, помина времето за разговори

Остра реакција од пратеникот на германските Социјалдемократи во Европскиот парламент Кнут Флекенштајн по нападот во македонското Собрание. ЕУ мора да преземе одлучна акција

ЕУ веќе утре мора да преземе мерки по она што се случи во Македонија, вели за ДВ германскиот европратеник Кнут Флекенштајн по насилничкиот упад во Собранието и нападите врз пратениците на парламентарното мнозинство од страна на демонстрантите. 

Diskussionsveranstaltung Russland - EU in der Landesvertretung Hamburg (DW/N. Jolkver)

Кнут Флекенштајн


„ВМРО-ДПМНЕ го премина Рубикон. Заврши времето за убави зборови. ЕУ ќе мора да преземе мерки. За тоа ќе разговараме утре“, вели Флекенштајн за ДВ. Според него, веќе нема што да се чека. 
Пратеникот во германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ претходно на Твитер ги праша Европската народна партија и германските конзервативни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, „ до кога ќе ги поддржуваат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?“. 

 

Поврзана содржина

Реклама