1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: picture alliance/Photoshot/M. Lolos

Фирмите масовно бегаат од Грција

Јанис Пападимитриу/бг
1 декември 2015

Програмите за штедење, капиталните контроли и високите даноци ги селат грчките фирми во странство. Омилени дестинации се соседните Бугарија и Кипар

https://www.dw.com/mk/%D1%84%D0%B8%D1%80%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B3%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-18886380

Бројките кои неодамна во весникот Та Неа ги искажа Савас Ромболис, раководител на Институт за работа кој е близок до синдикатите, се алармантни. Од речиси 11 милиони Грци, само 3,6 милиони се вработени. Далеку повеќе, имено 3,9 милиони, се невработени или во пензија. Грција станува држава на невработени и пензионери. Причината за тоа секако е и фактот дека се повеќе стопанственици ги затвораат фирмите и одат во странство, поради што исчезнуваат и десетици илјади работни места.
Грчкиот сојуз за трговија на мало ЕСЕЕ предупредува на масовно бегство на фирмите од Грција. Од летоска повеќе од 60 илјади грчки фирми побарале даночен број во Бугарија и својата стопанска активност делумно или целосно ја префрлиле во таа земја, вели претседателот на Сојузот Василис Коркидис за весникот Катимерини. Уште 10 илјади во моментов се селат на Кипар, дополнува Коркидис кој и самиот води трговска фирма за електрични уреди, која ја основал неговиот дедо.

Привременото затворање на банките и воведување на надзор над движењето на капиталот во Грција дополнително го заостри проблемот, тврдат од бизнис-мрежата Ендевор Грција. Според едно испитување на таа мрежа во јули годинава, во тој момент 13 отсто од опфатените фирми веќе ја имале напуштено Грција, додека 23 проценти се распрашувале за можноста да го преселат седиштето.
„По воведувањето на надзор над движењето на капиталот бројни фирми сметаа дека им е загрозена егзистенцијата, дотолку повеќе што грчката индустрија е многу зависна од увоз“, објаснува портпаролката на Ендевор, Ана Зилаку за ДВ. Како пример наведува една фирма која произведува безалкохолни пијалови. Речиси сите состојки се од домашно производство, но алуминиумското пакување мора да биде увезено и платено од Грција. Тоа е речиси невозможно поради ограничувањето на прометот на капиталот, вели таа.

Griechenland Geldautomat außer Betrieb
Капиталните контроли им ја отежнуваат работата на фирмитеФотографија: Getty Images/AFP/S. Mitrolidis

Бегство од бирократијата и даночната политика

Освен тоа, некои грчки фирми се обидуваат да ја избегнат бирократијата и несигурноста на планирањето во Грција. Особено даночната политика им задава главоболки на многу стопанственици, со ограничувањата на прометот со капитал или без нив. „Даночните закони постојано се менуваат. Фирмите затоа воопшто не можат да направат повеќегодишно планирање на финансиите“, вели Зилаку.
Особено во првите денови по воведувањето на надзор над движењето на капиталот, грчките фирми беа ставени пред ненадминливи проблеми, вели Олга Димопулу, германско-грчка адвокатка од Келн. „Цели камиони останаа во Германија или во Италија бидејќи возачите или нивните фирми повеќе немаа пристап до своите банкарски сметки за да подигнат пари и да ги испратат камионите назад во Грција“, вели Димопулу.

И покрај спротивните ветувања на владејачките политичари во Атина, надзорот над движењето на капиталот останува во сила, и најверојатно ќе биде укинат дури во втората половина на 2016 година. Оној кој сака да ги алармира политичарите, не наидува на разбирање. Кога на пример, шефот на ЕСЕЕ, Коркидис во едно ТВ интервју пред парламентарните избори, му укажа за проблемот со заминувањето на грчките фирми во странство на политичарот на Левицата, Никос Филис, тој пред камерите се разлути и му префрли на бизнисменот дека со такви изјави сака да го поттикне бегството на фирмите.
Но, исто толку алармантни се и последните анкети. Според онаа која ја објави весникот То Вима, владејачката Сириза денес има поддршка од околу 18,4 проценти од граѓаните, а конзервативната опозиција- 14,9 проценти. Со тоа произлегува дека и двете големи партии во само два месеци по изборите загубиле речиси половината од своите поддржувачи.

22.07.2014 DW Wirtschaft Zypern 2
Многу фирми заминуваат на Кипар
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Москва Анексија Украина

Путин потпиша анексија на четири украински региони

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница