Филипче: Не бев нападнат, човекот си имаше мака | Северна Македонија | DW | 21.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Филипче: Не бев нападнат, човекот си имаше мака

Непознат маж кој утрово го чекал министерот за здравство Венко Филипче пред зградата на министерството предизвика конфузија во јавноста. Филипче вели дека разговарал со човекот кој имал здравствен проблем.

Вознемирен маж кој утрово го чекал министерот Венко Филипче пред зградата на министерството за здравство предизвика реакција на полицијата. Обезбедувањето на министерството повикало полиција која подоцна го лоцирала мажот во околината на Медицинскиот факултет. Филипче за ДВ вели дека побарал да разговара со мажот и од разговорот дознал дека тој имал проблем со прием во болница на испитување.

„Разговарав со човекот кој имал проблем затоа што не можел да заврши некои испитувања во болница. Го испратив кај колегите на Клиника“, вели Филипче.

Во полициската белешка од настанот се наведува дека лицето А.А. не било вооружено. Човекот седел на скалите на министерството во очекување на доаѓањето на министерот, а откако од обезбедувањето го забележале, тој избегал во правец на Медицинскиот факултет.

На 1 јуни 2017 година беше извршен вооружен напад врз тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, токму на скалите на министерството. Тодоров тогаш успеа да се извлече неповреден од нападот кој го изврши дедото на починатата Тамара- девојче чие лекување предизвика многу контроверзи во јавноста.

DW.COM

Реклама