Филипче: Епидемијата го достигна пикот, нема потреба од полициски час | Северна Македонија | DW | 27.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Филипче: Епидемијата го достигна пикот, нема потреба од полициски час

Министерот за здравство алепира да не се пијат антибиотици на своја рака, бидејќи прекумерната употреба на лекови може да има и фатални последици. Денеска почнува постапката за набавка на брзи тестови

Ситуацијата со активните случаи на Ковид-19 во земјава е стабилна, епидемијата го достигна пикот, а полициски час не би променил ништо во однос на ширењето на вирусот. Ова се дел од пораките кои ги упати денеска министерот за здравство Венко Филипче во однос на актуелните состојби со коронавирусот во земјата. Тој апелира да не се пијат антибиотици на своја рака, бидејќи прекумерната употреба на лекови може да има фатални последици.

Есенскиот пик е зад нас

Полициски час нема да промени ништо, нема ниту други нови превентивни мерки за спречување на заразата, оти досегашните даваат резултати. Ситуацијата со коронавирусот во Македонија е стабилна, смета првиот човек на Министерството за здравство. Според Филипче, есенскиот пик е зад нас.

„Евидентно е дека сме на едно плато. Пред една недела или нешто повеќе, беше регистриран најголемиот број на случаи, во еден ден имавме 1.400 и од тогаш бројката лесно се намалува, а ние тоа го чувствуваме и со притисокот кон болниците. Сега сметаме дека нема потреба да се препорачува ништо друго и да објаснам зошто. Полициски час по 21 часот навечер практично сметаме дека нема ништо да донесе“, изјави тој. 

-повеќе на темата: Надлежните демантираат дека се чуваат кревети за помлади пациенти

Согласно анализата на Институтот за јавно здравје процентот на позитивни случаи од тестираните генерално се движи меѓу 36 и 41 процент, а највисок процент – 41,2 на позитивни од тестирани е регистриран на 17 ноември, кога има најголем број нови случаи – 1407. Потоа бројот на нови случаи благо опаѓа.

Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce

Есенскиот пик на коронавирусот е зад нас, вели Филипче

„За жал евидентен е порастот на смртни случаи и на глобално ниво и кај нас. Тоа што охрабрува е дека расте бројот на оздравени пациенти од домашно и болничко лекување“, рече Филипче.

По предупредувањата на лекари за случаи во кои се препишувала прекумерна тепарија на лекови на заразени со Ковид-19, министерот за здравство апелира дека употребата на одредени лекови и нивна комбинација може да има сериозни и фатални последици.

„Да не се пијат антибиотици неконтролирано. Има сосема доволна количина лекови за третман на пациенти со Ковид-19. Ова не е болест за која има еден специфичен лек“, вели Филипче.Тој потенцираше дека има голем број на клинички студии и дека сè уште нема еден лек за третман на болеста.

DW.COM

Реклама