Следната недела можно ново попуштање на рестрикциите | Северна Македонија | DW | 06.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Следната недела можно ново попуштање на рестрикциите

Доколку во наредните денови продолжи стивнувањето на пандемијата на коронавирус, можно е ново попуштање на рестрикциите во текот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче.

До надлежните власти пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на децата во градинките, но, според Комисијата за заразни болести, сѐ уште е рано за тоа.

Министерот за здравство информира дека во нормална работа ќе се вратат дел од болничките одделенија, како одделението за урологија, за пластична хирургија и Клиниката за кардиологија.

Повеќе: Нема веќе прошетки по други градови, граѓаните ќе се вакцинираат во местото на живеење

Филипче смета дека одзивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“, за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето. Во текот на завчерашниот ден, како што кажа Филипче, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина - или 4.500 - се пријавиле за вакцинирање.

Nord-Mazedonien Skopje | Coronaimpfung mit Sputnik V

Одзивот за вакцинирање треба да биде поголем, смета министерот за здравство Филипче

Засега, не се дозволува избор на вакцина, бидејќи, како што рече Филипче, сите вакцини се безбедни и не се забележани контраиндикации, освен за вакцината на „Астра Зенека“ која не се дава на лица помлади од 60 години.

Повеќе: Владата потврди - полицискиот час ќе почне во 23 часот

Се очекува во текот на мај треба да пристигнат близу 50 илјади вакцини „Фајзер“, односно секој понеделник по приближно 10 илјади вакцини, а околу 14-15 мај, во зависност од тоа како ќе биде организиран транспортот, се очекува да пристигне и дополнителното количество од „Синофарм“ обезбедено преку Министерството за одбрана. „Тоа се чини дека ќе биде доволна бројка да се надополни системот на вакцинирање, рече Филипче.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема