1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе во Скопје на Пристапниот дијалог

ЕМФ/миа17 септември 2012

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе денеска (17.09) престојува во посета на Македонија по повод одржувањето на третиот состанок од Пристапниот дијалог на високо ниво.

https://p.dw.com/p/16AAT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пред состанокот од Пристапниот дијалог, еврокомесарот Штефан Филе ќе има средба со премиерот Никола Груевски, со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Теута Арифи, како и со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, по што ќе се обрати на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.

Посетата на Филе и третиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво се случува во пресрет на објавувањето на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, на 10 октомври. Премиериот Груевски вчера оцени дека Високиот претпристапен дијалог како процес дал добри резултати и влијаел позитивно, изразувајќи надеж дека тоа денеска ќе го констатира и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. „Мислам дека за клучните области се направени сериозни исчекори. Останува да видиме како на тоа ќе гледа ЕК“, рече македонскиот премиер.

Mazedonien Skopje EU-Kommissar Stefan Füle
Што ќе донесе дијалогот?Фотографија: MIA

На прашањето дали очекува во претстојниот извештај за напредокот на Македонија да има датум за почеток на преговорите, Груевски одговори дека доколку немало проблеми од друг карактер поврзани со блокади и слично од други држави, стартот на преговорите требало да се случи уште во 2009. година.