Фејсбук избриша конта на германски корона-негатори | Информации и анализи за Германија | DW | 17.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фејсбук избриша конта на германски корона-негатори

Американскиот интернет гигант си постави за цел отстранување на „штетни групи“ од своите платформи, бришејќи стотина конта на корона-негатори од Германија, настанати во време на пандемијата.

Фејсбук, според сопствени наводи, избришал околу 150 акаунти на групи од своите платформи, кои американскиот концерн ги класификува во групата на контроверзните корона-негатори, т.н. движење „Querdenken".

Ова е прва ваква целна акција насочена кон група која предизвикува „координирано вршење штети во општеството“, соопшти менаџерот за безбеност на Фејсбук, Натаниел Глајхер.

На удар се акаунти на корона-негаторите на Фејсбук и на Инстаграм, додека истовремено тие не се засегнати во Вотцеп, кој исто така припаѓа на концерот Фејсбук.

Глајхер ги обвини припадниците на движењето „Querdenken" за континуирано прекршување на важечките стандарди на Фејсбук. „Во ова спаѓаат објавување на погрешни информации во врска со здравјето, говор на омраза и поттикнување насилство“, објаснува менаџерот. 

Гледај видео 02:00

#dw_BalkanBooster: Теории на заговор

„Корона-диктатура“ 

Спорните содржини, според Фејсбук, „во прва линија се насочени кон ширење на теории на заговор за т.н. ‘корона-диктатура'“. По правило, како испробано контрасредство против владините мерки за ограничувања на личните слободи поради пандемијата, од страна на припадниците на движењето се претставувало насилството.

Михаел Балвег, основач на движењето „Querdenken", најави преземање правни чекори против бришењето на контата. Тој тврди дека посебно Фејсбук-страницата „Querdenken 711“ со преу 30.000 следбеници содржела само теми како основни права и слобода на мислење.

 

Поврзана содржина