Фалсификувањето избори на Балканот - редовна практика | Македонија | DW | 05.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фалсификувањето избори на Балканот - редовна практика

Пред парламентарните избори во Македонија од избирачкиот список тукушто се избришани 40.000 непостоечки гласачи. Но, тоа не е исклучок. Изборните фалсификати на Балкан се редовна практика. Регистрираме неколку трикови.

Парламентарните избори и нивното фалсификување се постојано актуелна тема во Југоисточна Европа. Понекогаш тоа се врши сосем отворено, понекогаш скриено од очите на јавноста. Босанскиот портал Бука своевремно класифицираше седум методи, но ги има многу повеќе на број.

Почнува со бројот на граѓани со право на глас. Во Србија на последните избори имаше 6,6 милиони гласачи при 7,1 милион жители, во Македонија има 1,8 милиони гласачи, а 2,1 милион жители. Речиси неверојатно е во овие земји да постојат толку малку жители помлади од 18 години.

Членката на ЕУ-Хрватска, каде на 11 септември претстојат следните избори, понекогаш има повеќе граѓани со право на глас отколку жители. Тоа се оправдува со можноста да смеат да гласаат и сонародниците од Босна и Херцеговина. Неретко тие го решаваат исходот на гласањето, зашто во дипломатските претставништва на Хрватска во Босна гласањето се одвива без никаква независна контрола.

Најомилениот трик: за парична надокнада, избирачите им ги предаваат своите лични документи на партиски функционери, кои гласаат во нивно име. Честа практика е и оваа: вработените во предимензионираниот државен сектор мораат преку фотографија со својот мобилен телефон да докажат донесување на уште два-три гласа за владата во избирачкото место.

На дневен ред се и гласање во име на мртви, манипулации со старите луѓе или уништување на гласачките ливчиња на политичките противници уште пред пребројувањето на гласовите. Или едно гласачко ливче со непосакувано заокружен одговор се заменува со празно, а со станува неважечко ливче. Во последно време растечка популарност добива и „невидливото мастило“ од Кина. Со негова помош се краде гласачкото право на оние за кои се претпоставува дека гласаат за опозицијата - нивните ливчиња на крајот се празни, односно неважечки.

Применуван е и фалсификаторскиот трик „Бугарски воз“, иако е нејасно потеклото на неговото име, а вака изгледа: на гласач му се плаќаат пари за неговото гласачко ливче да го изнесе непополнето од избирачкото место. Потоа на ливчето се заокружува посакуваното име. Друг гласач го фрла манипулираното ливче во гласачката кутија, а своето празно го изнесува надвор.

Во Македонија најверојатно ќе се избира нов парламент на 11. декември, според тврдењето на опозицијата до половина милион од 1,8 имиња на избирачкиот список не се точни. Во Хрватска во последниот месец излегоа на виделина 11.000 неегзистирачки пријави на место на живеење. Според претпоставката на министерот за внатрешни работи Влахо Орепиќ за ТВ Н1, постојат најмалку 50.000 вакви лажни избирачи. Тој припаѓа на новата рефорска партија Мост и тврди дека двете големи политички партии - Социјалдемократите и ХДЗ во минатото не презеле никаков обид за прочистување на стариот и одамна неажуриран Избирачки список, зашто со негова помош можеле да ги насочуваат изборите во посакуван правец.

И со овој инструмент се постигнува посакуван резултат: на уставниот референдум во Србија во 2006 година, три часа пред затворањето на гласачките места, својот глас го дадоа неполни 42 проценти од гласачите. Но, за час потоа беше обезбедено неопходното мнозинство. Неколку месеци претходно во Црна Гора беше постигнато 55,5 процентно мнозинство на изјаснувањето за независност на земјата, резултат кој Брисел го посакуваше, а опозицијата го оспори со обвинувања за тешки манипулации.