Уште еден чекор поблиску до договор за Брегзит | Свет | DW | 22.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Уште еден чекор поблиску до договор за Брегзит

Преговарачите на британската влада и на ЕК постигнале согласност околу предлог-текстот за идните односи по Брегзит, соопшти претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск

Предлог-текстот за односите по Брегзит ќе им биде испратен на ЕУ-амбасадорите на 27-те членки, кои денеска се состануваат во Брисел, со што е отстранета последната пречка за пакет-договорот за британското заминување од ЕУ во март 2019. година. Конечното зелено светло треба да го дадат шефовите на држави или влади в недела во Брисел, на вонредниот самит на ЕУ. Пакетот „во принцип“ е одобрен и на политичко ниво, напиша Туск на Твитер.

Според предлог-текстот, ЕУ и Велика Британија стремат кон тесно партнерство во бројни области, посебно во трговијата. Преодниот период по Брегзит би требало да биде продолжен за една до две години, во кој период Велика Британија ќе продолжи да уплатува придонеси во ЕУ-буџетот. Меѓу двете страни сѐ уште има разлики во врска со Гибралтар.

Повеќе:

Брегзит: Тереза Меј пред судбоносна недела

Хаотични денови во Лондон

Што стои во предлог-договорот за Брегзит?

Британската премиерка Тереза Меј синоќа околу два часа преговараше со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Брисел, а најави намера советувањата да продолжат и в сабота, заради разјаснување на последните детали околу економските релации. Меј и ЕУ минатата недела постигнаа согласност за договор содржан на околу 600 страници.

Последните разговори се однесуваа на политичката декларација, која треба да претставува основа за сеопфатниот партнерски договор кој треба да биде постигнат по Брегзит. Меј во својата земја е под силен притисок, во британскиот парламент владее незадоволство од „пазарот“ на премиерката и е неизвесно дали ќе може да биде постигнато мнозинство за усвојување на постигнатиот договор со ЕУ. 

 

DW.COM

Реклама