Уште еден пакет за штедење- и целосна блокада на Грција | Економија | DW | 17.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Уште еден пакет за штедење- и целосна блокада на Грција

Грчката влада претстави нов пакет за штедење за кој парламентот во Атина треба да гласа утре (18 мај). Незадоволните граѓани штрајкуваат веќе од понеделникот а денеска земјата е парализирана од генерален штрајк.

„Доаѓаат тешки времиња, пари веќе сега нема доволно“, вели сопственикот на киоск Фанис Калацис. Тој со својата дејсност се занимава повеќе од 20 години- и сега се наоѓа на раб на егзистенција. Вели дека денес секое евро се врти по трипати, дека повеќе нема спонтани купувања. За сопственикот на киоск тоа значи: приходот се намалува, трошоците растат. Да не говориме пак за тоа дека повеќе нема провизии за продажбата на цигари. И како тоа да не е доволно, се заканува и несакана конкуренција од големите фирми, кои во последните години ги искупуваа речиси сите киосци во Атина и го водат бизнисот во сопствена режија. 

За осамен борец, како Калацис, нема подобрување на повидок. Напротив: за да исполни што повеќе услови, кои ги поставуваат странските доверители, владата во Атина донесе одлука да заштеди натамошни 4, 5 милијарди евра и поднесе соодветен документ во парламентот. Предвидено е намалување на социјалните издатоци, намалување на можностите за ослободување од данок на вработените, и по кој знае кој пат- намалување на пензиите. Тесното, но дисциплинирано мнозинство на владејчката коалиција, би требало да ги одобри тие мерки. А потоа би требало да пристигне и нова финансиска помош. На избирачите им се нуди утеха во вид на мерки, кои наводно ќе го компензираат тоа штедење, како на пример намалување на даноците и парична подршка за станарините.

Griechenland Streik Kalatzis Kioskbesitzer

Фанис Калацис

Но, на таквата компензација Фанис Калацис, гледа со потсмев. „Тие самите не веруваат во тоа што ни го говорат. Сега и луѓето веројатно се освестија. Мина времето на наводните чудотворци во политиката, кои ни ветуваа дека по победата на изборите, сѐ ќе уредат поинаку.“

Реакцијата: штрајкови

И синдикатите не се задоволни и повикаа на генерален штрајк за денеска (17 мај). Бродските превозници веќе стапија во штрајк, а дури и војската најави дека можеби ќе им се придружи на штрајкувачите. „Сега е доста. Од избувнувањето на кризата платите веќе ни се намалени за 40 до 50 насто, иако највисокиот суд на Грција го прогласи тоа за неуставно“, изјави еден офицер за ДВ. Новиот пакет за штедење нема да ја одмине ниту армијата.

Пред пет години, на улица излегоа околу 25 илјади припадници на армијата во цивилна облаке за да демонстрираат против политиката на штедење. Тоа никогаш претходно се нема случено. Малку подоцна, офицерите основаа здружение, чиј претседател е полковникот Анестис Цукаракис. Тој истакнува дека мерките за штедење нема повеќе да бидат прифаќани без приговор. Но, тој не сака да каже што конкретно ќе стори неговото здружение, односно како ќе изгледа нивниот протест. Војската не смее да штрајкува, но Уставот и дозволува да учествува на улични протести. „Секој граѓанин има право да демонстрира, бег оглед дали е во униформа или не“, вели Цукаракис.

Griechenland Streik Tsoukarakis Offizier

Анестис Цукаракис

Кога секој секому нешто должи

По делотворни средства за протест веќе посегнаа работниците во полудржавниот автомобилски превозник ОАТСХ во Солун. Тие уште од понеделникот ја запреа работата за да ја принудат власта да им исплати плати. Солун нема подземна железница, а сега таму не сообраќаат ниту автобусите. Последица од тоа е невиден хаос во сообраќајот. Директорот на ОАСТХ вети дека ќе донесе план за рационализација, но се заканува и со судски мерки. Министерот за собраќај сака да посредува, но единствено нешто што не може да им го понуди на штрајкувачите се пари- едноставно ги нема.

Според информациите на локалниот весник „Македонија“, политичарите дошле до посебно креативна идеја: една грчка банка на автобускиот превозник да му издаде кредит од 3,5 милиони евра. Според тој концепт, долгот на банката би ѝ го вратила владата, со каматите тоа би била сума од 4,5 милиони. А кога и како би го вратила- тоа не се знае.

 

DW.COM

Реклама