Усвоен холандскиот план за штедење | Економија | DW | 27.04.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Усвоен холандскиот план за штедење

Кратко откако поднесе оставка, премиерот на Холандија Марк Руте сепак успеа да го протурка планот за штедење. Поддршката во парламентот ја доби од опозициските партии.

Три дена по оставката на малцинската влада на Холандија, парламентот го усвои планот за штедење на премиерот Марк Руте. Имено, коалицијата на Руте мнозинството за планот го обезбеди со поддршката од три помали опозициони партии. Руте планира заштеди од 14 до 16 милијарди евра за да го намали државниот дефицит од актуелните 4,7 проценти од БДП под границата на ЕУ од 3 проценти.

Актуелниот министер за финансии Јан Кеес де Јагер е оптимист дека спогодбата ќе ги смири финансиските пазари. „Лимитот од три проценти е на повидок“, изјави за весникот „Де Фолкскрант“. Имено, пазарите на почетокот на неделава нервозно реагираа, откако првично пропаднаа холндските планови за намалување на дефицитот.

Европската комисијата на Холандија и’ постави рок до 30 април да донесе концепт за штедење.

За да се постигне целта во Холандија данокот на додадена вредност треба да биде покачен на 21 процент. Според медиумски информации треба да се покачат и давачките за алкохол и табак, како и покачување на старосната граница за стапување во пензија на 67 години.

Реклама