1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Усвоен буџетот за следната година

Катерина Блажевска24 декември 2012

Со 65 гласови „за“, 4 против и силен аплауз, пратениците од власта го усвоија буџетот на Република Македонија за 2013. Пред Собранието се одржаа протести на поддржувачите на власта и на опозицијата.

https://p.dw.com/p/178Y3
Фотографија: MIA

Скратени се само три милиони евра, во согласност со 44 амандмани што претходно ги предложи опозицијата, а владата ги прифати.

„Аплаузот го заслужуваат граѓаните на Република Македонија“, изјави претседателот на Собранието, Трајков Велјановски.

Законот е усвоен без присудство на пратениците од опозицискиот фронт на СДСМ и без присуство на новинарите. Против новиот буџет гласаа четворицата пратеници од ДПА, кои останаа во салата.

Надвор од Собранието продолжуваат протестите и контрапротестите, со обиди на полицијата да спречи близок контакт на двете групи кои постојано се зголемуваат. Со мали исклучоци, вработените од државната и јавната администрација добиле налог да се приклучат кон протестите за поддршка на власта.

Медиумите во соседството им посветуваат големо внимание на протестите во Скопје.