Усвоена резолуцијата за мировни сили на ОН и АУ во Дарфур | Вести | DW | 01.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Усвоена резолуцијата за мировни сили на ОН и АУ во Дарфур

*

Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за испраќање на заеднички сили на ОН и Африканската Унија во регионот Дарфур во Судан. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун одлуката ја нарече историска. 26 илјади мировници ќе треба да ги заменат постојните 7000 слабо опремени војници на АУ кои се наоѓаат во кризниот регион. Британскиот премиер Гордон Браун ја поддржа резолуцијата и предупреди од натамошни санкции доколку убиствата продолжат.