Ураган – Карибик | Вести | DW | 03.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ураган – Карибик

*

Ураганот “Феликс“ што им се заканува на земјите од Средна Америка за многу кратко време го достигна највисокиот, петти степен на опасност. Невремето проследено со силни дождови и ветришта со брзина од преку 270 км на час се ближи кон бреговите на Јамајка. Како загрозено се смета и населението на Хондурас, каде веќе почна евакуацијата на потенцијално загрозените подрачја. Сличен ураган пред девет години предизвика големо лизгање на земјиштето, во кое животите го загубија неколку стотици луѓе.