Ураганот Дин ја достигна категоријата 5 | Вести | DW | 21.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ураганот Дин ја достигна категоријата 5

*

Ураганот Дин како и што се очекуваше ја зголеми својата моќ над Атлантскиот океан и ја достигна највисоката категорија пет. Ураганот кој сега е проследен со ветришта со брзина од 260-километри на час , се учекува утре изутрина со сета сила да го погоди крајбрежјето на мексиканскиот полуостров Јукатан . Таму во моментов се врши евакуација на туристите и локалното население на побезбедни места . На својот пат низ карибскиот архипелаг , ураганот Дин веќе предизвика големи материјални штети и смрт на најмалку 12 лица ,пред се на Јамајка , Хаитите и неколку други острови.