Упасен Караџиќ | Балкан | DW | 22.07.2008
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Упасен Караџиќ

Долгогодишна опсада на Сараево, етничко чистење, тоа се дел од злосторствата што му се префрлуваат на Радован Караџиќ. Поранешниот лидер на босанските Срби е уапсен.

Радован Караџиќ, откако беше уапсен

Радован Караџиќ, откако беше уапсен

Сторител на чие конто се смета дека лежат убиства на околу осум илјади муслимани, би се помислило дека изгледа поинаку. Но Радован Караџиќ е елегантно облечен, секогаш уреден и дораснат на секоја животна ситуација. Така се претставуваше во јавноста, кога пред 12 години исчезна, откако Трибуналот за воени злосторства во Ден Хааг покрена тужба против него. Од тогаш до денеска имаше повеќе неуспешни обиди за негово апсење. Секојпат се повеќе растеше митот за човекот во планините. Многумина сметаа дека се наоѓа во пограничната планинска област меѓу Босна и Црна Гора, можеби скриен во некој манастир.

За да ги исмее оние кои трагаа по него, и да остане во сеќавањето на оние кои му се воодушевуваа, Радован Караџиќ преку контакт лица постојано објавуваше романи, збирки песни дури и книги за деца. Медицинар по професија, психијатар со високо поставени цели со дарба за поезија „Дали ти е познат случајот со тревата, тревата која никнува треба да се сака.“ рецитира обвинетиот за воени злосторства Караџиќ од една од неговата збирка песни.

Медицинарот, само именуваниот поет, црногорец по потекло со политика почна да се занимава во 1989 година кога ја основаше Националистичката српска демократска паритја. Кратко потоа беше јасно кон кој политички правец ќе тргне, некогашниот првирзаник на Тито, како босански претседател на Србите.

Во октомври 1991 година, Караџиќ им се закануваше на муслиманите во парламентот на Сараево со војна, кога побараа независност на Босна и Херцеговина. „Мора да знаете дека ја носите Босна и Херцеговина во пекол и муслиманскиот народ во пропаст. Муслиманскиот народ нема да може да се одбрани ако има војна.“

Само половина година по оваа седница на парламентот и објавувањето независност на Бошњаците, Караџиќ самиот е еден од оние на кои им се префрлува дека ја однесоа земјата во пекол.

Апсењето на Караџиќ во Белград се смета дека успех во прва линија за претседателот Борис Тадиќ и неговите Демократи кои на последните парламентарни избори во Србија излегоа како победници но во владата, а сега се упатени на соработка токму со наследниците од ерата на Милошевиќ. Но и Социјалистите веќе не се противат по секоја цена против соработка со Ден Хааг.

Веста за апсење на Караџиќ во текот на ноќта ги мобилизраше во Белград некои од приврзаниците на поранешниот водач на босанските Срби. Радован, Срски јунак, можеше да се прочита на плакатите. Протестите минаа мирно, за тоа се погрижи и големо присуство на полицијата, која ги надгледуваше клучните институции, во прва линија Специјалниот суд за воени злостсорства. Таму истражниот судија, рано утрово потврди дека Караџиќ бил сослушуван час и половина. Сеуште не се потврдени тврдењата на адвокатот на Караџиќ, според кој Караџиќ бил упсен уште во петокот, во Белград додека се возел со автобус.

DW.COM