Умира надежта за бегалците во Идомени | Сите содржини | DW | 08.03.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Сите содржини

Умира надежта за бегалците во Идомени

Денот во Идомени, каде над 12 илјади луѓе кампуваат под отворено небо е хаотичен, но ноќта носи чуден мир. Небото е исполнето со чад од палењето на дрвата за огрев, тензично е, но мирно. Надеж има се помалку.

Повеќе од 12 илјади луѓе остануваат заглавени во бегалскиот камп Идомени, на границата меѓу Грција и Македонија. Откако Европската Унија и Турција не успеаја да постигнат договор за решавање на бегалската криза, надежта кај нив е сѐ помала дека ќе успеат да го продолжат патот на север, кон западна Европа.
Состојбата дополнително се влоши откако во понеделникот падна пороен дожд. Тоа беше вториот пороен дожд во последните пет дена и го претвори целиот простор во океан од кал, а многу шатори беа поплавени.

Утрово луѓе ги сушеа алиштата, кебињата и документите. Огновите сѐ уште гореа, но недостатокот на дрво ги тера луѓето да палат сѐ што ќе им се најде во околината, вклучително и пластика, од која потоа се шири неподнослив чад.
Грчката влада соопшти дека нема намера насила да го евакуира бегалскиот камп на границата кон Македонија, но вети дека ќе изврши притисок врз мигрантите да ги користат новоизградените засолништа во околината.

Прочитај го и ова