Улогата на Турција не е никакво изненадување | Свет | DW | 18.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Улогата на Турција не е никакво изненадување

Извештај на германската влада наведува дека постојат „идеолошки афинитети“ помеѓу Турција и исламистичките организации. Сепак, овие врски не се ништо ново.

Министерството за внатрешни работи на Германија, врз основа на податоци добиени од службите за разузнавање, смета дека Турција прераснала во „централна платформа за активистите од исламистичките групи на Блискиот Исток“.

Како пример за „идеолошките афинитети“ помеѓу турската влада и исламистичките групи, министерството ги посочи конекциите на Турција со палестинската група Хамас, Муслиманското братство во Египет и вооружената исламистичка опозиција во Сирија.

Во однос на Хамас, германската влада го дели ставот на Европската унија, која во 2003. ја класифицираше групата како терористичка организација. Додека Западот беше шокиран кога Хамас победи на парламентарните избори во Палестина во 2006 година, турската влада на чело со АКП организираше прием на делегација на Хамас во Анкара. Со овој чин, турската влада ја призна Хамас како претставник на палестинскиот народ. Истовремено, Анкара се спротивстави на критиките од Западот, велејќи дека „меѓународната заедница треба отворено да ги искаже очекувањата од Хамас“.

Во наредниот период, лидерот на Хамас, Калед Машал изгледаше задоволен од поддршката на Турција. Овие настани ја најавија исламизацијата на надворешната политика на Турција. Приемот на делегецијата на Хамас беше само предзнак на она што можеше да се очекува. Според извори од турската дипломатија, Ердоган повторно се сретнал со Машал во јуни годинава.

Поддршката за Хамас го достигна врвот во 2010. година кога турска организација испрати брод со помош за Палестинците и се обиде да ја пробие израелската блокада на водите околу појасот Газа. Израелски специјални сили го нападнаа бродот и притоа убија 10 турски активисти. По ова следуваше дипломатска војна помеѓу земјите, а односите се нормализираа дури пред неколку недели.

Türkei Ismail Haniyeh und Recep Tayyip Erdogan in Ankara

Поддршка за Хамас: Исмаил Ханија и Реџеп Таип Ердоган

Симпатиите беа очигледни

Наклонетоста на Ердоган кон Муслиманското братство во Египет не е новост. Кога членот на братството, Мохамед Морси стана првиот демократски избран претседател на Египет, тој ја имаше поддршката на Ердоган. Кога египетската армија насилно го симна од власт во 2013. година и го забрани муслиманското братство, Ердоган негодуваше и велеше дека станува збор за пуч, а ја обвини израелската држава за вмешаност. Според извештајот на Министерството за внатрешни работи на Германија, Турција продолжува да практикува солидарност на повеќе начини, меѓу кои и со давање прибежиште на многумина водечки членови на Братството. Египќаните во егзил имаат можност да и‘ се спротивставувааат на новата египетска влада преку турски пропаганден сателитски канал.

Помалку јасна е врската помеѓу Турција и така наречената „Исламска држава“ и други радикални исламистички и џихадистички групи. Официјално, турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација. Истовремено, постојано беа објавувани извештаи за време на граѓанската војна во Сирија дека Анкара откупува нафта од ИД и дека ја снабдува со оружје и пари. Исто така, имаше наводи дека Турција дозволувала лекување на ранети џихадисти во нејзините болници. Сепак, факт е дека ИД ја презеде одговорноста за серијата на напади во Турција.

За турската влада е јасно дека секое зголемување на моќта на Курдите во Сирија или во Ирак, во близина на регионите кои се граничат со Турција, може да доведе до сепаратистички тенденции на курдското малцинство во Турција. По поддршката на Западот за Курдите во борбата против ИД, и сирискиот претседател Башар Ал Асад се спротивстави на Ердоган бидејќи тој, иако селективно, имал бенефит од дејствувањето на Исламската држава во Сирија.

Tayyip Erdogan und Mohammed Mursi

Соборениот египетски претседател Мохамед Мурси и Реџеп Таип Ердоган

Тест за НАТО

Ништо од ова не е ново, но досега не беше дел од јавниот дискурс. Родерих Кизеветер, експерт за надворешна политика од ЦДУ во интервју за германската телевизија ВДР изјави: „Турција ја поддржува Хамас речиси 10 години. Ова го дискутиравме со Турција доста интензивно. Исто така, јасно ја искажавме нашата загриженост за финансирањето на ИД“. Кенан Енгин, турски политолог со курдско потекло од универзитетот Хајделберг изјави за радиото Нордвест дека Турција не само што „пасивно ја толерира“ ИД, туку и активно ја поддржува организацијата.

Какви се последиците? Кизеветер не гледа причина зошто би се ставил крај на договорот за бегалците помеѓу ЕУ и Анкара, или затворање на дијалогот со Турција. Берлин има искуство со преговарање со доста „потешки земји“ како што се Саудиска Арабија или Иран, вели тој. Сепак, Турција мора да сфати каде е црвената линија. „Договор за визна либерализација со Турција е возможен само доколку се почитуваат демократските принципи“, изјави Кизеветер. Тој повикува НАТО да го отвори прашањето за тоа дека крупна членка на НАТО очигледно го поддржува непријателот со кој се борат другите земји членки на НАТО.

Кизеветер истакнува дека изолирањето на Турција нема да ја подобри ситуацијата. „Доколку Турција им го сврти грбот на НАТО и на Европа, ќе се создаде колос помеѓу Европа и Азија кој тешко би можел да се контролира“, изјави тој.

DW.COM

Реклама