Украинската црква прогласена за автокефална | Свет | DW | 05.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Украинската црква прогласена за автокефална

Украинската национална православна црква од денеска и официјално е прогласена за независна. Највисокиот авторитет во православието,цариградскиот партијарх Вартоломеј во Истанбул го потпиша соодветниот томос.

Спроти потпишувањето на документот за автокефалност на Украинската православна црква одржана е богослужба на која покрај Вселенскиот патријарх Вартоломеј, меѓу другите присуствуваа и претседателот на Украина, Петро Порошенко и поглаварот на украинската црква Епифаниј.

По службата, партијархот Вартоломеј во својата резиденција во Истанбул одржа прием за украинскиот претседател и за митрополитот Епифаниј, по што се варија во храмот Свети Ѓорѓи, каде беше и потпишан томосот за автокефалност.

По „обединителниот синод“, кој се одржа на 15 декември минатата година во Киев, беше прогласено создавањето на украинската автокефална црква, за чиј поглавар беше избран Епифаниј.

Повеќе:

-Расколот во православната црква- пораз за Путин

-Втората голема шизма во христијанскиот свет

-Се заканува расцеп во православието

Руската православна црква оцени дека од канонска точка на гледање „синодот“ во Киев е ништовен и порача дека можноста за признавање на Епифаниј од помесните православни цркви е тешко изводлива задача.

Цариградската патријаршија во октомври минатата година соопшти дека на црквата во Украина ќе и дозволи автокефалност, односно независност во однос на Руската православна црква. 

Тогаш беше соопштено дека е укината одлуката од 1686 година, според која на Московската патријаршија и е предадена Киевската митрополија. 

Галерија која може да ве интересира:

DW.COM

Реклама