Украина пред политички земјотрес | Свет | DW | 19.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Украина пред политички земјотрес

Копнежот на многу Украинци за нови политички лица ги зголемува шансите на комичарот Володимир Зеленски во вториот круг претседателски избори. Има ли актуелниот шеф на државата Петро Порошенко воопшто некаква шанса?

Во Украина ситуацијата е вжештена. Расположението пред вториот круг на претседателските избори во недела е исто толку затегнато како и за време на демонстрациите на опозицијата во зимата 2014 година. Во семејствата, во канцелариите, а пред сѐ на социјалните мрежи се расправа, навредува, се уништуваат пријателства. Причината за таквата возбуда е сѐ поочигледната победа на телевизискиот комичар Владимир Зеленски. Судејќи по неодамнешните анкети, Зеленски ќе добие 60 отсто од гласовите. Порошенко може пак да смета на половината од неговите гласови. Со приближно големо растојание Зеленски освои победа и на првото гласање на 31 март - кога за него гласаа околу 30 насто од избирачите.

Резултатите од првото гласање покажуваат дека симпатизерите на Зеленски се распространети на целата територија од земјата, бидејќи популарниот комичар и политички новодојденец доби поголем број гласови во речиси сите делови од земјата. Тоа е редок случај за украинските можности. Засега не може да се зборува за социјален мир. Напротив, има омраза во воздухот. Многумина поради различни причини го мразат Порошенко и посакуваат негов пораз, иако некои не го сметаат ни Зеленски за многу подобар. Останатите, кои спаѓаат во очајното малцинство, насилно ги напаѓаат гласачите на Зеленски.

Зошто е толку омилен Зеленски?

Зеленски, кој пред Нова година на изненадување ја најави својата кандидатура, за неколку месеци за голем дел од избирачкото тело стана носител на надеж. Неговите упоришта се во источна и во јужна Украина, каде многу граѓани го зборуваат рускиот јазик, кои, меѓу останатото, се чувствуваат загрозени со брзото ширење на украинскиот јазик и култура за време на последните години. Самиот Зеленски доаѓа од овој регион, зборува руски и таму го нарекуваат „еден од нас“. Но, дури и во централните и во некои западни делови од земјата овој комичар би можел да поентира како претседателски кандидат.

Негови најголеми предности се тоа што е познат и омилен комичар, и што не е близок до политиката. По десетлетија политички турбуленции и скандали со корупција, желбата на многу Украинци за нови лица стана толку голема, што се впуштија во експеримент со политички новодојденец на чело на државата. Зеленски очигледно профитираше од една од своите улоги. Во телевизиската серија „Слуга на народот“ тој толкува лик на учител кој станува претседател. Неговиот популистички говор на омраза за „корумпираните и алчните“ украински политичари, во телевизиската серија конципирана како бајка, едноставно ги погоди Украинците.

Порошенко се бори прикован до ѕид

Трите недели помеѓу двете рунди гласање на многу набљудувачи оставија бизарен впечаток. Зеленски се чувствуваше сѐ посигурен во победата и едвај и да водеше изборна кампања. Овој 41-годишник на своите симпатизери им се обраќаше главно по пат на иронични видео пораки на социјалните мрежи и речиси и да не даваше интервјуа. Наместо да дискутира за темите на изборите, тој со денови правеше шеги на сметка на тестовите за дрога и алкохол на кандидатите (спроведени на барање на Зеленски).

Повеќе:

-Шлаканица за Порошенко

-Украина: очајнички се бара претседател- спасител

53-годишниот Порошенко изгледаше како да е опседнат, ги исполнуваше речиси сите барања на Зеленски и во некои аспекти се обидуваше дури и да го копира својот противкандидат. На пример, во обидот да придобие симпатии меѓу младите избирачи, Порошенко, исто така, испраќаше стикери со своите фотографии и слогани на популарниот месинџер Телеграм. Но, неговите стикери, во споредба на оние на Зеленски, изгледаа застарено. Исто така, сам за себе зборува и бројот на абоненти на двајцата кандидати: Порошенко на Телеграм ги има околу 53.000, а Зеленски над 145.000.

Анкетите покажуваат дека само чудо може да му помогне на Порошенко да го стигне Зеленски. Пропадна и неговата првична стратегија да го претстави својот противник како кукла на рускиот претседател Владимир Путин. По 5 години поминати на власт, Порошенко сега мора да сфати оти неговите надворешнополитички достигнувања, како безвизниот режим со ЕУ, е помалку важен од растот на цените на гасот за граѓаните, кои се сиромашни. И поради тоа тој политички е сѐ поосамен. Речиси веќе и да нема сојузнички партии кои би го промовирале. Поголемиот дел од водечките политичари очигледно ја очекуваат победата на Зеленски и чекаат.

Турбулентни времиња на хоризонтот

Ако Зеленски навистина победи, Украина би можеле да ја зафатат турбулентни времиња, проценуваат набљудувачите во Киев. Неговата победа би можела да го потресе и без тоа кревкиот политички систем. Спектарот на тие предвидувања се движи од предвремени парламентарни избори до уставни реформи и прераспределба на власта, па сѐ до нови насилни улични протести.

Последново, на пример, би можело да се очекува доколку Зеленски ѝ заврти грб на досегашната прозападна политика и покрене приближување кон Русија. Тој самиот, пак, се изјасни за патот на Украина кон ЕУ, а во насока на Москва сигнализираше подготвеност за компромис.

DW.COM

Реклама