„Украина плаќа за безбедноста на Европа“ | Свет | DW | 25.06.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Украина плаќа за безбедноста на Европа“

Украинската пилотка и пратеничка Надја Савченко беше во посета на ПС на Советот на Европа во Стразбур. Во разговор за ДВ го објаснува својот став околу санкциите против Русија.

ДВ: Госпоѓо Савченко, Вие сте првпат во западна Европа. Какви Ви се првите впечатоци?

Надја Савченко: Не знам кој град беше, но на почетокот ми личеше како во него да нема воопшто живот. Кога ќе се погледнат зградите, се забележува дека на балконите нема неред. Сѐ е многу чисто. Но, она што ми падна в очи во градот се штрковите! Кај нас во Украина се вели дека ако штрк гради гнездо на покривот, тогаш тука живее среќно семејство. Кога го видов тоа овде, си помислив: колку среќен град кога има толку многу штркови!

Овде, во Стразбур, се заложивте за продолжување на санкциите против Русија. Дали е тоа ефективно средство?

Ако Европа навистина принципиелно се залага за човекови права, тогаш не може да не преземе ништо. Има два начина на санкционирање. Или се оди со говорот на оружјето или со говорот на економијата и политиката. Јас не мислам дека треба да се втурнеме во Трета светска војна. Украина плаќа за безбедноста на Европа, а за својата слобода со човечки животи. Европа може и мора да зборува цивилизирано со Русија со говорот на економијата и политиката. Мислам дека санкциите треба повеќе да се индивидуализираат. Оние кои се одговорни за сето ова треба да го добијат она што го заслужуваат. Би било пожелно со текот на времето да се укинуваат економските санкции кога нешто ќе биде исполнето.

Назад кон Украина. Од независноста таму власта е повеќе пати сменета. Дали со тоа се подобри и раководењето со државата?

Квалитативно да. Секогаш е малку подобро. Навистина има подобрување, можеби не толку големо како што се посакува, но многу поголемо од она што воопшто некогаш го имам видено во Русија.

DW.COM

Реклама