Узбекистанецот го призна атентатот во Стокхолм | Свет | DW | 11.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Узбекистанецот го призна атентатот во Стокхолм

Уапсениот 39-годишен Узбекистанец призна дека го извршил нападот со камион во Стокхолм во петокот, убивајќи четири луѓе и дека делото е терористички чин.

Адвокатот на 39-годишниот Узбекистанец, кој беше уапсен во петокот вечерта, соопшти дека неговиот клиент го признал извршувањето на нападот со камион во шведскиот главен град. Рахмат Акилов признал дека извршил терористичко дело и побарал наместо адвокатот по службеа должност да му биде доделен адвокат - сунит.

Во петокот рано попладнето камион влета во толпа луѓе, а потоа во стоковна куќа, при што се запали. Возачот успеа да побегне, но по потрагата организирана по него со помош на снимки од камера за надзор, беше уаспен доцна вечерта. Во атентатот настрадаа четири луѓе, една Белгијка, една Британка и две жени од Шведска, а 15 се ранети.

Уапсениот напаѓач, како што јавуваат шведските медиуми, е четирикратен татко, кој во 2014. година побарал азил во Шведска. Две години подоцна, неговата апликација била одбиена, но тој се оглушил на барањето во рок од четири недели доброволно да ја напушти земјата, туку преминал во илегалност. На полицијата осомничениот Узбекистанец ѝ е познат од ланската година. Истрагата соопшти дека тој симпатизирал екстремистички организации, меѓу кои и терористичката милиција Исламска држава. Полицијата во неделата уапсила уште едно лице во врска со нападот од петокот, чија вина меѓутоа е од понизок степен. Истрагата не дава податоци за второто осомничено лице. 

 

DW.COM

Реклама