УЕФА ја официјализира Лигата на нациите | Теми | DW | 27.03.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

УЕФА ја официјализира Лигата на нациите

Европскиот фудбал добива ново натпреварување: УЕФА во иднина покрај Европското првенство, на националните тимови ќе им доделува и втора европска титула. Лигата на нациите треба да стартува во 2018. година.

Европскиот фудбал го проширува планот на игрите: во иднина нема да постои само Европско првенство за нациите, туку и Лига на нациите, во која ќе бидат избирани најдобрите национални екипи.

Како што претходно беше најавено, на Конгресот на УЕФА во Казахстан е потврдено дека од 2018 година ќе стартува новото натпреварување, кое ќе се нарекува Лига на нации.

„Ова е многу важна одлука кога станува збор за иднината на фудбалот на ниво на националните тимови“, рекол претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

Новото натпреварување, кое ќе биде замена за поголемиот дел на пријателските натпревари, ќе треба да започне во септември 2018 година.

Учесниците на завршниот турнир во Лига на нациите ќе изборат директен пласман на Европското првенство во 2020 година.

Европските репрезентации би биле поделени во четири дивизии, најверојатно според пласманот на ранг листата на ФИФА.

Поврзана содржина