Удрен темелот на евроазиска економска унија
18 ноември 2011Изјавата за основање е потпишана денеска во Кремљ, а Унијата треба да биде формирана до 2015 година. Предвидено е и формирање комисија, слична на Европската комисија, која би почнала со работа веќе во 2012 година. Претседател на Комисијата би требало да биде рускиот министер за индустрија Виктор Кристенко. Унијата би имала седиште во Москва.
Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека прием на натамошни членки е можен. „Ова, без сомнение, е решавачки за иднината на нашите земји“, изјави денеска Медведев. Според Лукашенко, пак, основањето на Унијата не значи и загуба на суверениетот на членките.
Идејата за ваква Унија е на рускиот премиер Владимир Путин, кој сака обединување на поранешните советски републики, по урнек на ЕУ, и укинување на трговските ограничувања.
Автор: ЕМФ/афп/дв
Редактор: Б. Георгиевски