Уго Чавез | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Уго Чавез

Уго Рафаел Чавез Фриас, 28 јули 1954- 5 март 2013, е венецуелански политичар и револуционер кој беше претседател на Венецуела од 1999 до 2013 година.

Чавез е роден во сиромашно работничко семејство, и ја започнува кариерата како воен офицер. Незадоволен од состојбите во државата, на почетокот на 1980 години формира тајно револуционерно движење. Во 1992 година го предводи неуспешниот пуч против претседателот Карлос Перес, по што добива затворска казна. По излегувањето од затвор ја формира партијата Движење на петтата република. Победува на претседателските избори во 1998 година, а реизбран е во 2000 и 2006 со над 60 отсто гласови. Главниот фокус на неговото владеење се социјални реформи. Себеси се опишува како анти-империјалист а главна цел на неговите критики се САД. Критикуван е како автократ, а неговите економски и социјални реформи се покажуваат неуспешни. Умира од рак на 58 годишна возраст.

Покажи повеќе написи