„Увезен“ коронавирус во Германија од Балканот | Информации и анализи за Германија | DW | 17.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

„Увезен“ коронавирус во Германија од Балканот

Според Институтот Роберт Кох, можно е голем дел од германските патници-повратници со коронавирус да се инфицирал во Косово. Земјите од Западен Балкан заземаат горни позиции во неславната табела, С. Македонија е на дното.

Податоците кои деновиве ги објави Институтот Роберт Кох, а се однесуваат на последните неколку недели (29-32) од јули и август, велат дека бројот на Германци кои се заразиле во странство нагло расте. Во 1096 од 1777 случаи, инфицираните патници се враќале од Косово. Земјата во Германија важи за корона-ризично подрачје. Во последните седум дена, според Институтот Роберт Кох, таму се регистрирани 1259 нови случаи на Ковид-19, вкупниот досегашен број изнесува 11.275 и 390 починати, од кои 41 во рок од една недела, а државата притоа има два милиони жители. На почетокот на пандемијата во Косово беа во сила ригорозни заштитни мерки и ограничувања на движењето, но состојбата по укинувањето на рестрикциите во последно време се влошува.

По Косово, на листата на „увозници“ на коронавирус во Германија, според податоците на Институтот Роберт Кох, се наоѓаат уште неколку земји. Позитивни на коронавирус се тестирани патници-повратници од Турција (501), Хрватска (260), Србија (196), Бугарија (166), Босна и Херцеговина (156) и Северна Македонија (92).

Повеќе:

Косово: Курбан Бајрам во сенка на короната

Дали коронавирусот во Германија доаѓа од Балканот?

Турбо-корона на Западен Балкан: За бакнежите и забавите

Германскиот печат наведува дека за епидемиолошкиот развој во балканските земји има различни причини. Како една се смета политиката, во тој контекст се споменуваат одржаните парламентарни избори во Србија, Хрватска и Северна Македонија. Но, многу поголем акцент се става на неконсеквентното спроведување на заштитните мерки. Магазинот „Фокус" на пример пишува дека решавачко за ширењето на вирусот е однесувањето на населението. И прилог на вториот канал на јавниот сервис ЗДФ констатира на пример дека на Косово се игнорира обврската за носење заштитна маска и полицискиот час по 22:30, иако тоа ги чини Косовците казна од 500 евра. Се одржуваат забави, се среќаваат пријатели и доцна во ноќта, а полицијата се чини немоќна. Кон мерките постои лабав однос посебно во селските средини, кога некој таму ќе се инфицира, заразата брзо се шири на многумина, се вели во прилог на ЗДФ.

Натамошна причина за распространувањето на вирусот на Балкан магазинот „Фокус“ детектира во тамошните интензивни патувања, многу семејства токму во летните месеци посетуваат роднини во соседните земји. На Балкан имаат роднини и многумина кои живеат во Германија. „Луѓето по изолацијата се чувствуваат обврзани да ги посетат своите фамилии, и тоа често без запазување на соодветни превентивни мерки“, истакнува инфектологот Сали Ахмети од Универзитетската клиника Приштина за германската телевизија ЗДФ, а тоа му погодува на вирусот.

Поврзана содржина

Реклама