Убиство и ранети лица на изборите во Албанија | Свет | DW | 23.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиство и ранети лица на изборите во Албанија

Само два часа по почетокот на денешните парламентарни избори во Албанија, регистриран е првиот тежок инцидент, во кој е убиен член на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), а три други лица се повредени.

Како што јави дописникот на МИА, во близина на гласачко место во градот Лач, околу девет часот бил убиен 53-годишниот Ѓон Ѓони, член на ЛСИ на Илир Мета, а повреден се Мехил Фуфи, кандидат за пратеник од редовите на Демократската партија (ПД) на премиерот Сали Бериша, како и уште две лица кои случајно се нашле во близина.

Ilir Meta

Илир Мета

Телевизијата Топ-ченал информира дека полицијата на самото место пронашла 15 празни чаури и трага по сторителите. Според првичната истрага, мотивите за убиството се од политичка природа. Кон Лач се упатили и лидерот на ЛСИ, Мета.

Според албанските медиуми, на пукањето му преходела вербална расправија меѓу убениот Ѓони, кој одел да гласа и неколку други лица, кои прво почнале да го тепаат со тврди предмети, по што се слушнале и истрели. Тепачка е регистрирана и на едно избирачно место во Ѓирокастро, кога не било дозволено семејно гласање.

Инаку на изборите во Албанија денеска се гласа на 4.400 гласачки места, а во единствениот изборачки список се евидентирани околу 3,3 милиони гласачи. Треба да се изберат 140 пратеници.

Македонците очекуваат успех во Корча и Поградец

На парламентарните избори учествуваат 66 политички партии, кои во најголемиот дел се групирани во две коалиции. Коалицијата на десницата „Алијанса за вработување, благосостојба и интеграции“, која ја предводи владејачката Демократска партија на премиерот Сали Бериша, обединува 24 партии, додека, пак, коалицијата на левицата

„Алијанса за европска Албанија“ ја предводи Социјалистичката партија на Еди Рама и во истата се групирани 40 политички партии.

Albanien Oppositionspolitiker Edi Rama

Еди Рама

По вторпат на парламентарните избори во Албанија учествува партијата на Македонците Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Лидерот на партијата Едмонд Темелко во завршните митинзи нагласи дека постојат големи изгледи Македонците да имаат свој претставник во Собранието на Албанија. Во коалицијата на Бериша се кандидирани 86 Македонци од редовите на МАЕИ во сите 12 исборни региони, а најмногу шанси за успех Македонците имаат во регионот на Корча и Поградец. Најголеми шанси за влез во новиот албански парламент има Валентина Нестор.

Главната битка за добивање на што повеќе пратеници во Собранието ќе се води меѓу демократите и социјалистите. Лидерот на демократите Сали Бериша изјави дека неговата партија по третпат ќе ги добие парламентарните избори. Од друга страна и лидерот на левицата, социјалистот Еди Рама најави сигурна победа.

Albanien Wahlen Ministerpräsident Sali Berisha in Tirana

Сали Бериша

Според директорот на албанската полиција Хисни Бургај, изборниот материјал и гласачките места ќе ги обезбедуваат 6.200 припадници на полицијата. Изборите ќе ги набљудуваат и досега најголем број домашни и странски набљудувачи. Повеќе од 9.000 набљудувачи се акредитирани во ДИК во Тирана, од кои над 8.000 се домашни, а над 700 се странски. Европската унија ги оцени денешните избори во Албанија како клучни за нејзината европска иднина по четиригодишниот застој во нејзините евроинтеграции.