Убил 19 хендикепирани лица и сам се пријавил | Свет | DW | 26.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убил 19 хендикепирани лица и сам се пријавил

Злосторство што ја шокираше Јапонија: момче уби најмалку 19 хендикепирани лица. Потоа се пријавил сам во полиција.

Гледај видео 01:07
Now live
01:07 минути

Напаѓачот го најавил нападот

Во дом за хендикепирани лица во Сагамихара, близина на Токио, момче уби најмалку 19 луѓе. Во нападот со нож повредени се над 40 луѓе, од кои дел тешко. 26-годишниот напаѓач непосредно по злосторството самиот се пријавил во полиција. Напаѓачот тврдел дека порано работел во домот за хендикепирани лица во градот Сагамихара. Како мотив за нападот тој навел омраза кон хендикепираните.

Медиумите јавија дека напаѓачот наводно во февруари доставил писмо до претседателот на јапонскиот парламент, во кое бара еутаназија на хендикепираните. Во писмото тој се заканил и дека „за Јапонија“ ќе убие 470 хендикепирани.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама