Убиецот од Тексас бил казнуван, а ФБИ немало поим | Свет | DW | 07.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиецот од Тексас бил казнуван, а ФБИ немало поим

Како атентаторот од Тексас стигнал до оружје? Врз основа на делата за кои претходно бил казнуван, тој не смеел да поседува оружје. Дали објаснувањето лежи во некомуницирањето на воената авијација и ФБИ?

Американската воена авијација по крвопролевањето во црквата во Тексас проверува дали се направени пропусти при предавањето на информациите за напаѓачот. Една осуда на поранешниот војник Девин Патрик Кели поради домашно насилство, според првичните сознанија, не била внесена во централната датотека за проверка на купувачите на оружје, соопшти портпаролка на воената авијација на САД. Казните донесени од страна на воен суд би морало да бидат внесени во датотеката. Затоа армијата сега поведе истрага за случајот.

26-годишниот Кели пукаше во црква во Тексас со автоматско оружје и притоа уби 26 лица, а повреди 20. Непосредно по нападот, атентаторот е пронајден мртов во неговиот автомобил. Според полицијата, тој веројатно самиот си го одзел животот.

Атентаторот, како што соопшти американската воена авијација, служел во база во сојузната држава Ново Мексико. Во 2012 година од страна на воен суд е осуден на 12 месеци затвор поради напад врз тогашната сопруга и посинокот. Во 2014 година е отуштен од воената авијација.

Властите во Тексас веќе соопштија дека нападот нема политичка позадина и дека веројатно се должи на семејна кавга. Кели бил лут на својата тешта и пишувал пораки со „закани“, изјави регионалниот директор на Министерството за јавна безбедност во Тексас, Мартин Фримен. Како што се вели, тештата редовно ја посетувала баптистичката црква во Садерленд Спрингс, каде што се случи нападот. Според медиумите, во моментот на нападот таа не била во црквата.

DW.COM

Реклама