Убедлива победа на конзервативците на Курц во Австрија | Свет | DW | 15.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убедлива победа на конзервативците на Курц во Австрија

Австриската Народна партија под водство на 31-годишниот партиски шеф Себастијан Курц, според неофицијалните резултати, победи на сојузните парламентарни избори. Втори се социјалдемократите пред десните популисти од ФПО.

На австриските парламентарни избори триумфира Народната партија на Австрија со освоени 31, 6 проценти од гласовите.

Социјалдемократите станаа само втора политичка сила со 26, 8 насто, а причини за радост имаат десните популисти, Слободарската партија на Австрија, која е на трето место со освоени 26 проценти и може да се надева и на влез во владата. Се очекува Курц, познат по својата остра политика на азил, да влезе во коалиција со нив.

„Денешниот ден е јасен и силен налог кој ни е доделен за промена на земјата“, изјави Курц. Тој најави дека е отворен за разговори со сите партии, па и со досегашниот коалиционен партнер, Социјалдемократската партија на Австрија, предводена од канцеларот Кристијан Керн. Сепак, продолжение на досегашниот црвено-црн кабинет се смета за малку веројатно. Горчлив пораз доживеаја австриските Зелени, кои пропуштија влез во сојузниот парламент.

 

DW.COM

Реклама