Уапсен Горан Хаџиќ | Балкан | DW | 20.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Уапсен Горан Хаџиќ

Српската полиција го уапси Горан Хаџиќ, последниот по кого трага Хашкиот Трибунал за поранешна Југославија, потврдија владини извори во Белград. Хаџиќ бил уапсен на северот на Србија, во регионот на Фрушка Гора.

Хаџиќ во 1991 година

Хаџиќ во 1991 година

Хашкиот Трибунал го товари Хаџиќ за воени злосторства во Вуковар во 90-тите години од минатиот век, односно за прогонство на Хрвати од Источна Славонија, за убиства, мачење и грабежи на напуштени хрватски куќи.

Хаџиќ беше функционер на Сојузот на комунисти во Хрватска, по што премина во Српската Демократска партија и таму веднаш беше поставен за претседател на огранокот на партијата во Вуковар.

Хаџиќ исчезна во јули 2004 година од својата тогашна адреса во Нови Сад, откако Белград го прими обвинението од Хаг во кое е побарано и негово испорачување во рок од 72 часа.

Автор: ЖА/ГЧ/миа

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM