Уапсени двајца браќа осомничени за планирање напади во Белгија | Свет | DW | 30.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсени двајца браќа осомничени за планирање напади во Белгија

По претресот извршен во повеќе куќи, белгиската полиција притвори две лица осомничени за терооризам. Споре наводите на државното обвинителство, двајцата браќа планирале напади во Белгија.

Белгиското федерално обвинителство објави дека антитерористичка едница на полицијата уапсила двајца мажи осомничени за планирање напади во земјата. Агенцијата Ројтерс пренесува оти 33-годишниот Нуредин Х. и неговиот брат Хамза Х. денес ќе бидат изведени пред судија кој треба да одлучи дали ќе им го продолжи притворот по истекот на првите 24 часа. Апсењето следеше по претресот на седум куќи во регионот на Монс и уште една куќа во градот Лиеж. За време на претресот не е пронајдено оружје ниту експлозив.

„Врз основа на првобитните наоди од истрагата, делува оти постоеле планови за вршење напад некаде во Белгија“, стои во соопштението. АФП нагласува дека во англиската верзија на соопштението се споменува еден напад, а во француското „планирање напади“ во множина.

Belgien Nach Terroranschlägen in Brüssel - Flughafen Zaventem

Аеродромот Завентем во Брисел по терористичкиот напад на 22 март годинава

Белгија е и понатаму во висок степен на подготвеност откако во Брисел на 22. март беа извршени напади врз меѓународниот аеродром Завентем и подземната железничка станица Малбек, во кои се убиени 32 лица, а и напаѓачите кои на 13. ноември минатата година ги изведоа терористичките напади во Париз истотака потекнуваа од главниот град на Белгија.Поврзаност на двајцата сега уапсени браќа со нападите на 22 март не е утврдена, соопштија белгиските власти

Терористичката милиција Исламска држава презеде одговорност за двата напада во март.

DW.COM

Реклама