Уапсени браќа од Косово за планови за напад во Германија | Свет | DW | 23.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсени браќа од Косово за планови за напад во Германија

Припадници на германските специјални сили ноќеска уапсија двајца Косовци во Дуизбург поради сомневања за подготовка на терористички напад.

Уапсените, според досега познатите информации, се браќа, на возраст од 28 и 31 година. Тие се осомничени дека планирале напад врз трговскиот центар „Центро“ во Оберхаузен, кој е еден од најголемите трговски центри во Германија и Европа. Браќата во моментов се на сослушување, а се трага и по евентуални други учесници во планирањето напад. Засега не се познати други детали во врска со случајот, а од покраинското Министерство за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија исто така нема официјална информација. 

Инаку, огромниот трговски центар во Оберхаузен, кој на две нивоа има повеќе од 250 продавници и ресторани, и денеска работи со вообичаеното работно време. Портпарол на полицијата соопшти дека обезбедувањето во комплексот ќе биде зајакнато. Преку Твитер, полицијата во Оберхаузен соопшти дека по нападот во Берлин, заради поголема безбедност, присуството на „божиќните пазари и големи маси луѓе“ е зајакнато.

 

DW.COM

Реклама