Турција – урнатини | Вести | DW | 27.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Вести

Турција – урнатини

Едно лице е пронајдено во урнатините на една станбена зграда во Истанбул. Зградата се урнала половина час откако почнало пукањето на нејзините ѕидови. Според властите, нема прецизни информации за тоа колку луѓе се наоѓале во зградата во време на нејзиното уривање. Зградата била евакуирана, но како што тврди полицијата, дел од луѓето постојано се враќале за да земат уште нешто од своите станови. Медиумите јавуваат дека спасеното лице е девојче, кое не е повредено и се чувствува добро.