Турција се плаши од курдска држава во Сирија | Свет | DW | 01.08.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција се плаши од курдска држава во Сирија

Со продлабочување на кризата во Сирија, Турција сега е соочена со ризикот од курдска држава контролирана од ПКК, во близина на турската граница. Стравувањата на Анкара не се само од Голем Курдистан, туку и од ПКК.

Поддршката на Анкара за промена на режимот во Сирија и’ се враќа како бумеранг, со закана за сопствениот национален суверинетит, бидејќи сириските Курди формираат де факто држава на северот од Сирија.

Турските медиуми минатата недела информираа дека Курдската работничка партија, со својот сириски огранок Партијата за демократска унија, ја презела контролата во неколку провинции на турската граница. Беа презентирани и фотографии со курдски знамиња и постери на затворениот лидер на ПКК Абдула Оџалан поставени на згради на северот од Сирија.

Türkei Syrien Konflikt Tayyip Erdogan

Ердоган се закани со можен напад на Сирија

„Нема да дозволиме формирање на терористичка структура во близина на нашата граница“, рече турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. „Без разлика дали е Ал Каеда или ПКК, ние ќе го сметаме тоа како прашање на националната безбедност и ќе ја преземеме секоја мерка“, додаде Давутоглу.

Алармот е вклучен

Растечкото влијание на ПКК на сириската граница ја алармираше Турција, поттикнувајќи го премиерот Реџеп Таип Ердоган да свика безбедносен самит со високи владини и безбедносни функционери. По него тој изјави дека Анкара нема да се воздржува да нападне.

„Неодамнешниот развој на настаните дојде како непријатно изненадување за турските власти“, вели за Дојче веле Дениз Зејрек, колумнист за надворешно-политички прашања во либерално-левичарскиот весник „Радикал“. „Кога сириските курдски групи се дистанцираа од режимот на Асад, Турција го позрави тоа. Но, Анкара не очекуваше дека овие курдски групи наскоро ќе се обединат“, додава Зејрек.

Турција се бори против ПКК од 1984 година и до сега тој конфликт однесе 45.000 животи. ПКК е на турската листа на терористички организации. Таа во текот на 80-тите и 90-тите години добиваше помош од официјален Дамаск. Со растечкото влијаније меѓу курдската популација во Сирија, ПКК сега работи на формирање афтономна администрација, па дури и независен „Западен Курдистан“ на сириска територија.

Flash-Galerie Kurdistan Irak

Курдистан во Ирак

Автономија во Турција

Ова предизвика поголеми барања од турските Курди до Анкара и се зголеми тензијата на југоистокот од земјата.

„Единствениот начин е да се формираат автономни региони на Курдистан во Турција, Сирија и Иран, како што има во Ирак“, рече градоначалникот на Дијарбакир Осман Бајдемир, кој сугерира отфрлање на границите меѓу овие ентитети и создавање на царинска унија и ново политичко партнерство со регионалните земји, вклучувајќи ја и Турција.

Сирија е дом на два милиони Курди, Ирак на пет, Иран на 5,5, а Турција се проценува дека ја има најголемата курдска популација од 15 милиони. Со години тие беа лишувани од основните политички и културни права, но во последнава деката Турција почна тоа да го менува.

Испорачување војници на границата

Како што почнаа да растат грижите за курдска држава во Сирија, така Турција започна да испорачува војници на границата. Аналитичарите не очекуваат скорешна прекугранична операција, која би можела дополнително да ја искомпликува кризата.

Syrien Grenze Türkei

Турција распоредува дополнителна војска на границата со Сирија

Многу аналитичари велат дека Турција не стравува од можноста за формирање на Голем Курдистан, туку поради растечката улога на ПКК. Со години Турција стравуваше и од формирањето на независната курдска држава на северот од Ирак, а сега претседателот на ирачкиот курдистански регион Масуд Барзани е значаен политички сојузник на Турција, не само поради напорот да ја елиминира заканата од ПКК, туку и поради позицијата за сириската криза. Турскиот министер за надворешни работи денеска ќе го посети Барзани и се очекува да побара од него да го искористи влијанието врз сириските Курди и да ги разубеди да не соработуваат со ПКК. Дел од експертите сметаат дека тоа е невозможна мисија.